Карактеристики и придобивки

Карактеристики и придобивки

Со Аутодеск -Subscription  (во понатамошниот текст Чланарина)  ќе имате пристап до драгоцени придобивки* вклучително обновувања(updates) и симнувања(downloads), поддршка со информатичка технологија, можности за учење и управувачки алатки кои се лесни за користење.

Центар за Членарина-Subscription

Центарот за Членарина е едношалтерски систем каде се сместени сите информации, придобивки и карактеристики на Вашата членарина. Повеќе членови од Вашиот тим може да имаат пристап до овој портал које  заштитен со лозинка. Без разлика дали сте Вие менаџер кој сака да ја обнови поштенската адреса или корисник на производ кој сака да ги симне најновите проширувања, Вие можете да го направите сето тоа преку Центарот за Членарина.

Алатки за управување со лиценца

Алатките за управување со лиценца им овозможува на менаџерите и софтверските координатори да имаат пристап до извештаите поврзани со договори, да управуваат со корисници и да ги обновуваат контактните информации.

Внатрепроизводен пристап

За да дознаете за нови пропратни изданија може да одите директно во Центарот за Членарина или да примате известувања од Вашиот Аутодеск софтверски производ преку Инфо Центарот.

Дополнителни придобивки

Членовите кои се претплатени(имаат членарина) имаат пристап до материјали од Аутодеск Универзитетот, се пречекуваат со сите почести на одредени настани и др. Аутодеск продолжува да развива нови начини за придавање поголема вредност на програмата за членарина.

За повеќе информации одете на Обиколката низ Центарот за членарина (Subscription Center Tour).

Софтверски надградби

Аутодеск програмата за членарина ја штити вашата инвестиција во дизајнерска  технологија, Ви овозможува да останете конкурентни преку актуализирање на Вашиот дизајнерски софтвер и Ви овозможува да избегнете финансиски изненадувања:
•    Софтверските надградби се автоматски.
•    Можете да ги предвидите Вашите трошоци за времетраење на целиот рок на договорот, во зависност од тоа дали се одлучувате за едногодишен или повеќегодишен договор за членарина.
•    Софтверски изданија и обновувања(updates) Вам Ви се достапни и важат за производите опфатени со членарина.

Симнувања

Проширувања, бонус алатки и други технолошки симнувања(downloads) им се достапни ексклузивно на претплатените членови и тие Ви помагаат да бидете лидери пред конкуренцијата:
•    Технолошките симнувања Ви овозможуваат нова специјализирана функционалност и лесни се за учење; тие се издаваат периодично и се целосно компатибилни со основниот производ.
•    Бонус алатките Ви овозможуваат водечки способности и лесна имплементација без да биде прекинат актуелниот проект.

Обука

Користете целосна библиотека на лично-темпирани, интерактивни семинари за да му овозможите на Вашиот тим да работи побрзо без да се прекине работниот процес:
•    Семинарите се подготвуваат од експерти на таа тематика
•    Содржината на семинарот ги опфаќа новите како и старите корисници.
•    Членовите на тимот ги користат семинарите за да научат за новите карактеристики и техники, да ја истражат проширената функционалност и да ги усовршат своите способности.
•    Членовите на тимот по потреба може да имаат пристап до семинарите преку Центарот за Членарина или директно во рамки на апликацијата преку Инфо Центарот.

Обуката вклучува часови за електронско учење, инструкциски ДВД-а, материјали од курсевите на Аутодеск Универзитетот, видео материјали и друго:
•    Часовите за електронско учење се интерактивни модули во траење од 15 до 20 минути кои вклучуваат практични вежби и/или алатки за проценка на знаењето. Овие часови им овозможуваат на членовите на тимот брзо и лесно да научат за карактеристиките и функционалноста на најактуелните производи и претходни верзии.
•    ДВД-а за обука во траење од еден час кои се достапни за симнување и често содржат документи за поддршка и презентерски белешки.
•    Членовите кои поседуваат Членарина имаат пристап до над 1000 материјали за настава од Аутодеск Универзитетот кои варираат од средно ниво до ниво на „Супер Корисник„.

Поддршка со информатичка технологија*

Преку членскиот центар за поддршка, Вие може да комуницирате , лице во лице со експертите по технологија:
•    Аутодеск специјалистите за поддршка на производи се достапни за членовите кои поседуваат членарина за да им помогнат и одговорат на прашањата поврзани со инсталација и конфигурација.
•    Мрежната и и-меил комуникација Ви пружаат поддршка директно на Вашиот десктоп.
•    Сите Ваши податоци за поддршка и и-меил траги се архивирани и може да бидат отворени во било кое време со Вашите алатки за управување на случаи (case management tools) во Центарот за Членарина.


Ексклузивни лиценцни услови

Добијте флексибилни лиценцни услови, како на пример користење на претходни верзии и користење на Вашиот Аутодеск Софтвер во домашни услови:
•    Само членовите кои поседуваат Членарина имаат право да ги користат претходните верзии на Аутодеск Софтвер едновремено со надградбите, со цел да имаат пристап до нова функционалност на најновите изданија.
•    Флексибилните лиценцни услови Ви овозможуваат Вам и на Вашите членови на тимот  да работите непрекинато на сите проекти.

База на знаење

Со базата на знаење на Аутодеск, Вие имате брз и лесен пристап до повеќе од 2 милиони решенија:
•    Базата на знаење нуди пребарување на сите ресурси преку еден прозорец за пребарување.
•    Во секое време можете да барате круцијални информации кои можат да Ви помогнат да го извлечете максимумот од Вашиот производ.
•    Базата на знаење им овозможува на корисниците стабилна технологија за пребарување и искуство по мерка.
•    Сегментираните категории на содржина сега вклучуваат решенија, форуми, податоци, симнувања (downloads), ресурси за учење и помошни документи за производот.
•    Клучните карактеристики вклучуваат сегментација, функционалност по мерка, како што се жешки теми, скорешни решенија, пребарувачко искуство базирано на некое право, Аутодеск алатки за решенија и RSS документи  (RSS feeds).

* За производи опфатени со членарина, придобивките Ви се достапни бесплатно за времетраење на Вашиот договор за Членарина. Ве молиме да имате предвид дека не сите карактеристики се достапни за сите производи.

free vector