AutoCAD LT 2010

Превземи каталог PDF формат

Превземи Што е ново .doc формат

 

Што е ново?
Софтверот за цртање и правење нацрти, AutoCAD LT® 2D, веќе е познат по својата ефикасност, моќ и сигурност. Но сега е подобар е кога било.

Во софтверот AutoCAD LT® 2D  ги додадовме повеќето 2D алатки кои ги баравте,  како што се командите Align, Xref, и Block Attribute. Висококвалитетни PDF резултати значи дека лесно можете да споделувате 2D цртежи со секого. Исто така може да заштедите време преку прикачување на PDF документи како подлога на документите за цртање. Сега имате повеќе начини за зголемување на вашата продуктивност.

Подобрувања на PDF документи

Сега можете да објавувате PDF документи директно од софтверот AutoCAD LT® 2D  што Ви овозможува со леснотија да споделувате и да  пренесувате документи  кај други лица и тоа во овој електронски формат на размена кој е многу масовно користен. PDF документите нудат подобрен визуален квалитет на фонтот и линиите и сега е возможно да го обојувате и пребарувате текстот како и да го копирате.

PDF влезни податоци/Поддршка за подлога

Направете PDF документите да работат за Вас. Искористете ја предноста на овој општ формат за објавување документи со тоа што ќе го внесете PDF документот како подлога во цртежот. Искористете ја ефикасноста и прецизноста добиена од можноста да се вметне PDF со скоро целосна веродостојност.

2D алатки на AutoCAD  за исцртување

Вашите желби се наши нови команди. AutoCAD LT сега овозможува полесно и попродуктивно исцртување со командите Align, Xref, и Block Attribute.
•    Align- Оваа команда Ви овозможува да одберете точки кои ќе се користат за поместување, зголемување/намалување и/или ротирање на објекти за да се подредат со други објекти.
•    Xref- REFEDIT Ви овозможува да направите директни промени на означениот документ без да го отворате. Користете го REFEDIT кај ознаките за блокови кога сакате да го измените блокот и сеуште да имате преглед на околната геометрија. Поврзан со REFEDIT e XOPEN, кој Ви овозможува да кликнете со десен-клик на xref и да го отворите директно од  drawing editor или External References Palette. Со овие алатки не мора да одите на листа на xref за да му го најдете името и да го барате низ папките повторно.
•    XCLIP-Конечно, можноста за прикачување на екстерни белешки е сега целосно функционална во AutoCAD LT 2010. Користете го XCLIP за да креирате Ваши сопствени граници на прикачување, да ги исклучите или уклучите па дури и да ги испревртите.
•    Командите Block Attribute- AutoCAD LT 2010 го прави полесно од било кога управувањето со блок дефиниции.
•    Synchronize Attributes (ATTSYNC)- Ова е сега суштинска команда. Сега кога додавате или отстранувате атрибутни дефиниции за блокови, Вие можете да го апдејтувате тој блок за да може да ги одрази новите атрибути.
•    Enhanced Attribute Editor- Користете ја оваа алатка за брзо да ги промените карактеристиките на индивидуалните атрибути.

Додатни 2D команди за исцртување

Исцртувајте со повеќе опции и контроли за разгледување и уредување на Вашите 2D исцртувања.  AutoCAD LT сега дозволува да се намали интензитетот на дисплејот на xrefs и има нови алатки за мерење, нови ротациски опции на прозорецот за гледање и др. подобрувања. Па така рутинските и долготрајни задачи нема да Ве успорат.

Споредете ја Вашата верзија на  AutoCAD LT со AutoCAD LT 2010

Се прашувате што е додадено на AutoCAD LT 2D софтверот за исцртување по Вашата последна надградба?
Видете ја AutoCAD споредбената матрица(AutoCAD LT Release Comparison Matrix) за директна споредба.

free vector