AutoCAD 2008

AutoCAD 2008

adsk_authrzvar_s_r_clr.jpg

Краток преглед на новости

 

•  КОРИСНИЧКИ  ПРОСТОР

Некои  промени во корисничкиот простор како на пример поставување прозорец покрај ивица, овозможува поголема работна површина.  Новиот тип на палети  Dashboard ги нуди сите потребни орудија за моделирање и  визуелизација на едно место. Изгледот на работната површина може да зависи од типот на погледот (аксонометрија, перспектива).
 
 

•  НАВИГАЦИЈА  ВО  ЦРТЕЖ

Нова е наредбата  Constrained orbit, кој ја зачувува  Z оската вертикално и прирачното мени со многу додатни функции. По изработениот модел може лесно да се движиме како во игра со помош на навигациските типки со наредбата  3D Walk и 3D Fly. Движењето може да го зачуваме во анимација или пак да изработиме анимација по предходно изработени патеки. Одликите на анимацијата (одвоеност, број на слики...) се произволни и резултатот може да го видиме во  прикажувачот  Media player.
 
 

•  МОДЕЛИРАЊЕ

Solid наредбите се потполно преработени и овозможуваат многу повеќе варијанти меѓу повеќе познатите наредби, покрај тоа се појавија нови наредби за цртање комплексна и подобра органска геометрија  (на прим. Sweep, Loft). На брзина може да се изработат и солиди со 2D или 3D основи со наредбата  Presspull. Наредбата изработува нови објекти или изработува продор – зависно од ситуацијата.  Во солиди може да ги претвориме стари објекти со  thickness и width. Изработката на солиди се одвива динамично!
 
 

•  МАНИПУЛАЦИИ СО СОЛИДИ

Солидите се сега параметарски и било кога може да ги поправаме нивните параметри во прозорецот Properties. При одземање употребуваме солид со одредени мерки, може било кога да го поправиме одземениот солид и резултатот автоматски се обновува. Едноставно може да ги уредуваме со гриповите, кои имаат добиено различни облици за различни врсти операции. Може да менуваме поединечна површина, раб или агол на солид. Новиот  начин на употреба на гриповите овозможува едноставно придвижување и вртење во 3D.
 
 

 •  ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

Визуелните стилови овозможуваат многу различни начини на прикажување внатре во прозорецот – од реални слики со материјали до просторачни скици. Камерите се нови објекти, кои се видливи во цртежите и можеме да ги  уредуваме со грипови или во прозорецот Properties. Секој поглед може да има своја позадина ( боја, нијанса или растерска слика ).
 
 

•  СВЕТЛИНА

Имаме целосен надзор над осветлувањето на моделот. Може да изработиме сопствено осветлување (point, distant in spotlight), кои се слични како камерите видни објекти на цртежот и може да ги уредуваме со грипови или во прозорецот  Properties. Може да се одлучиме за осветлување со сонце, кое овозможува брза и едноставна студија на осончување. Датум, час и географската положба ги подесуваме на Dashboard и ако имаме моќна графичка картица, може сенката да ја забележиме за во реално време!
 
 

•  МАТЕРИЈАЛИ И РЕНДЕРИРАЊЕ

AutoCAD доаѓа со богата книшка-библиотека на материјали на палети, затоа  е инсталацијата на  2 CD-ња. Може да  рендерираме во различен квалитет и ако малку се потрудиме можен е пријатен резултат.
 
 

•  ПРЕСЕЦИ И ПОГЛЕДИ

Изработениот модел може да го сечиме и гледаме во реално време (live sectioning), може да изработиме пресек како во 2D цртеж, кој е веќе автоматски шрафиран. Може еднакво да изработиме произволни  2D погледи на фасада или аксинометрија, на кои подоцна и доделување кое е веќе доделено. Претварањето во 2D е брзо и едноставно.
 
 

•  ДИНАМИЧЕН UCS

Динамичкиот  UCS (кориснички координатен систем) ни овозможува цртање на произволно површина од моделот. Кога одредена наредба за цртање  е  активна и со глувчето се поместуваме по површината на моделот, се нагласува. Ако кликнеме на точка,  за време на цртањето UCS се поместува на предходно нагласената површина и по завршувањето на наредбата се враќа пак назад. Пред да ја кликнеме првата точка, може да употребиме  OSNAP и OTRACK за прецизен почеток на цртање.
 
 

•  ОСТАНАТО

Се разбира дека има уште новости. Веројатно за многумина е интересна можноста за зачувување на DWG до верзија  14 и записот во  PDF за испраќање за гледање на странката DWF е можно да се понаша како подлога за цртање. Палетите се едноставни за припремање наредби. Дополнителна е UNICODE  подршката и вашите мапи и цртежи може да содржат сите локални знаци. Во табелите  може да обликуваме келии како во Еxcell и тука запирката како децимала се почитува. Големото орудие  Express се пресели во самиот програм... итн.
 
 
Зошто е AutoCAD најдобро орудие за цртање?

•  СЕСТРАНОСТ:
AutoCAD може да се употребува за 2D цртање или  3D моделирање на практично сите подрачја на проектирањето. Употребата на апликација работата на поединечни подрачја  ќе ви ја олесни и забрза. 
•  РАСШИРЕНОСТ:
Autodesk е водечка компанија во светот на подрачјето на проектирањето и повеќе пренослив на личните компјутери. Преку 4 милиони лица ги употребуваат нивните производи во околу 150 држави.  
•  ОТВОРЕНОСТ:
Во AutoCAD се вградени бројни програмски јазици  (AutoLisp, VisualLisp,VBA). Широката потпора програмирање значи да секој  корисник може да порача или изработи апликација по своја желба. 
Друштво на производи на AutoCAD
•  AutoCAD 2008
Орудие за  2D цртање и  3D моделирање. Ги овозможува сите потребни операции за изработка на проекти : цртање, поправање, печатење, размена на датотеки со соработници. Преставува основа за различни специјализирани надградби.
•  AutoCAD LT 2008
2D CAD орудие, кој е потполно соединлив со AutoCAD. Не овозможува надградба на апликации и нема 3D моделирање.
•  Autodesk Architecture 2008
AutoCAD со дополнителни орудија за архитектура и градежништво.

 

 

 

 

free vector