Autodesk – AutoCAD Mechanical

Autodesk - AutoCAD® Mechanical

 

autocad-mechanicalAutoCAD® Mechanical

AutoCAD Mechanical® преставува верзија на програм за изработка на техничка документација во 2D опремена библиотека на стандардни елементи на конструкции во машинството (елементи за одвоено и неодвоено спојување на делови, стандардни облици на завршеток на вратила, разни типови на отвори, стандардни челични профили, елементи за осигурување, лежишта, пружини....) и со бибилиотека од околу 300 видови на материјали кои се користат во машинската индустрија.

Импозантен број од околу 1 милион стандардни елементи ја прават оваа  библиотека алат за брза изработка на документација. Снадбен е со стандардни инженерски пресметки кои дополнително за забрзуваат работата на конструкторите ( пресметки на : вратила, пружини, оптеретување на лежишта...). Многу значајна можноста да i part и  assembly фајлови од програмот Autodesk Inventor и може да се интегрира во тимска работа на конструкторите кои ги користат Autodesk програмтите на повисоко ниво. Подобрени се можностите за прецизно шрафирање на површини, манипулација со леери, работа со координати со помош на алатката PowerSnap, цртање на помошни објекти...

 

Област на примена:

Машинство

free vector