Опис

 АКТИВНОСТ ШТО СЕ ПОДГОТВУВАAT   ВО КЛЕПА-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ВЕЛЕС !!!!!

 

Во подготовка !!!!!!!

 

Курс   AutoCAD 3D

Овој курс е продолжување на започнатото  2-димензионално цртање. Знаењето го надоградуваме со  наредбите за  3D моделирање. За вежба се изработува некој интересен модел,  мало место со околина. Покрај самото моделирање дознаваме уште дополнителни можности, како што се изработка на перспективни погледи, користење на визуелни стилови (на пример скица), студии за осончување, движење низ моделот, користење на материјали, рендерирање. На крајот се разгледува постапката за припрема и исцртување на моделто на печатачот.


Работна околина:
Windows XP и AutoCAD 2008

Додатоци:
Скрипта со вежби и додатоци  АРХИТЕКТУРНИ АЛАТКИ  (може да се симнат од web  страната на нашиот партнер АРХИНОВА) со помошни програми и симболи за полесно цртање.

Курс ACAD-BAU
Програмот
Acad BAU е наменет за сите архитекти кои сакаат да користат виситинска архитектурна апликација. Е палета на модерни, корисни и флексибилни  CAD-алатки - од прости линии па се до интелегентни архитектурни објекти. Сите проектански функции се автоматизирани ( автоматско котриање, шрафирање, попис, изработка на пресеци и фасади). Програмот е изработен по  DIN стандардите и со преведен прирачник за користење на македонски јазик со што се зголемува неговата функционалност.  Проектирањето е  брзо со можносит за различни варијанти , со ова самото проектирање се претвара во забава. Се разбира дека е потребно предзнаење на AutoCAD како  2D, така и  3D.


Работна околина
:
Windows XP, AutoCAD 2007 и ACAD-BAU XP2007
Додатоци: скрипта со вежби

Курс Autodesk VIZ
Курсот преставува крајна фаза во компјутерската изработка на проекти-визуелизација. Ќе се научи преносот на компјутерскиот модел од Auto CAD или  Acad BAU, изработка и уредување на едноставни и сложени материјали, поставување на светла, камера, атмосферски и други работи.


Работна околина:
Windows XP и 3D Studio MAX 8, VIZ 2007.

Додатоци:
скрипта со вежби на македонски.

 

КАКО ЌЕ СЕ ОДВИВА ОБУКАТА?

- обуката е интензивна со теорија и вежби
- посебно внимание ќе се посветува на практичната работа
- ќе се работи во мали групи до 6 лица
- секој учесник има свој компјутер
- секој учесник ќе добие материјал кој ќе се обработува на курсот- скрипта со теорија и вежби
- интернет подршка: трикови и совети за  AutoCAD, ACAD-BAU основни вежби за  Autodesk VIZ/3D Studio MAX  од www.klepa.com.mk

free vector