Изработуваме Елаборати за градежна физика за преоктирани или изведени објекти согласно ’’ПРАВИЛНИКОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЗГРАДИ’’

Целта на Елаборатот е да докеже дека Објектот и неговите инсталации за затоплоување, ладење и проветрување, се преоктирани и изведени на начин што ќе бараат користење на мало количество на енергија за работа, и земајќи ги во предвид климатските услови на локацијата и корисниците на објекти.

Преку Елаборатот се дефинираат на топлинските захниза технички мерки за намалување на топлинските загуби, но не по цена на намалување на комфорот при престој во објектите. Сигурно е дека во зима, на пример, со намалување на вообичаената внатрешна температура од +20°C на +18°C ќе се остваруваат одредени финансиски заштеди, но не по цена на намалената удобност за престој во просториите и евентуално со ризик по здравјето.

Поимот “енергетска ефикасност“ подразбира енергетски заштеди но без нарушување на квалитетот на живеењето.

free vector