Во текот на нашата работа се среќаваме со луѓе од Македонија кои доаѓаат во Словенија поради деловни средби, подолга соработка со словенечки фирми или деловни партнери, основање на свои фирми,вработување во словенечки фирми , редовни или вонредни високошколски студии, основање на брачна врска и сл.  Тие најчесто ни се обраќаат со молба за помош при комуницирањето  кое им е отежнато поради непознавањето на словенечкиот јазик, словенечките закони и установи во кои треба да ги регулираат своите основни управни постапки. 

За да ги избегнете непотребните трошоци, конфликтни ситуации и недоразбирања  и  ако сте веќе во Словенија   јавете ни се.  Брзо ќе ве информираме, насочиме и ќе ве научиме да го користите словенечкиот јазик.  Оние кои  се вработуваат, веќе работат или се школувааат во Словенија, низ најмалку 30 часовна јазична обука, ќе ги подготвиме за вклучување во секојдневниот живот во оваа средина . Притоа ги користиме стандардизираните учебници за брзо учење на јазикот како и други аудио и визуелни средства.

Со оние на кои им е потребна претходна  подготовка уште во Република Македонија , обуката ја изведуваме и преку  скајп.

Email: info@amj.si
Web: www.amj.si
Телефон: +386 (0)1 42 10 181
Факс: +386 (0)1 42 64 408

Адреса:
Porenta in družbenik, d.n.o.
Župančičeva ul. 7
1230 Domžale