Превземи каталог PDF формат

 Повеќе моќ, повеќе иновација
Со софтверот AutoCAD 2010, Вие можете да се справите со најпредизвикувачките проблеми со голема леснотија.

Вашите нацрти сега можат да постојат во било која замислива форма, благодарение на проектантските алатки за слободна форма. Многу важни карактеристики се сега автоматизирани правејќи го Вашиот работен тек поефикасен а преминот кон 3D проектирање поедноставен. Споделувањето и работењето на проекти со колеги никогаш не било полесно, благодарение на повеќекратните подобрувања на нашите PDF способности и фантастичниот додаток за 3D печатење.

Со овие и безброј други нови способности кои Вие ги баравте, AutoCAD 2010 секоја идеја ја претвора во реалност побрзо од било кога претходно.

Време е да се издигне проектирањето на едно повисоко ниво. Време е за AutoCAD 2010.

За повеќе информации за AutoCAD посетете ја страницата  www.autodesk.com/autocad .


1. Истражете ги проектантските идеи со 3D концептуалните проектантски алатки за слободна форма

Со новите проектантски алатки за слободна форма на AutoCAD 2010, Вие ја имате моќта да проектирате идеи во скоро секоја форма што ќе ја замислите. Со леснотија селектирајте лица, рабови или темиња во рамки на 3D објекти преку користење на новите филтри за селектирање на подобјекти. Подобрените 3D Gizmos Ви овозможуваат прецизно да ги уредите Вашите нацрти преку ограничување на движењето, ротацијата или големината на селектираните објекти на одредена оска или рамнина.

Резултат: Истражете ги идеите подетално во 3D димензија.

 

2. Скрaтете го времето за проверка со параметарско цртање
Скратете го значително Вашето време за проверка на нацртот со новите алатки за параметарско цртање. Сега можете да ги ограничите цртаните објекти според намерата на нацртот-со тоа ќе се осигурате дека специфичните односи и мерки се постојани дури и кога објектите се модификувани. Со геометриските и димензионалните ограничувања, AutoCAD 2010 претставува одговор на сите оние потреби од долготрајна проверка.
Резултат: Проверките на цртежите се многу лесни со AutoCAD 2010.



3. Избегнете главоболки со алатките за скалесто означување
Потрошете помалку време во создавање и справување со повеќе предмети на повеќе слоеви. Со алатките за скалесто означување кои беа за првпат воведени со софтверот  AutoCAD 2008, Вие може да креирате единечен објект кој автоматски ја менува големината за да се прилагоди на актуелниот прозорец или скала. Автоматското подредување на текст, димензии, блокови и др. го прави управувањето со ознаки поедноставно од кога било претходно. Главоболките со ознаките се дел од минатото.

Резултат: Лесно управување со белешките, заштеда на време и редуцирање на грешките.
 
4. Прикачување на PDF документи како подлога на цртеж. Конечно!
Како едно од најбараните нешта на листата на желби на клиентите, AutoCAD 2010 Ви овозможува да користите проектантски податоци од PDF документи во Вашите AutoCAD нацрти. Со новите способности, Вие едноставно прикачувате PDF документ на AutoCAD цртеж-и тоа на истиот, познат начин на кој прикачувате DWG™, DWF™, DGN и документи-слики.

Резултат: Подобрување на соработката и заштеда на време со повторно користење на веќе постоечки проектантски податоци базирани на PDF форматот.

5. Направете реални макети со 3D принтање во софтверот AutoCAD 2010
Направете нешто повеќе од визуализирање на Вашите нацрти, направете ги реални. Испратете ги Вашите 3D макети директно во Вашиот 3D печатач или поврзете се преку AutoCAD со он-лајн провајдер на услуги. Импресионирајте ги клиентите со физички макети на Вашите идеи.

Резултат: Визуализација на Вашите нацрти со 3D испечатени макети.


6. Издигнете ја продуктивноста на повисоко ниво со подобрениот линеарен интерфејс

Пред извесно време подобрениот линеарен интерфејс Ви помага да ја зголемите Вашата целокупна продуктивност во областа на исцртувањето, затоа што неговото однесување кое е осетливо на содржината бара помалку кликнувања за остварување на некоја команда. Ги претставува опциите за команди во еден концизен визуелен формат, па така лесно можете да селектирате по мерка во однос на она што го правите. Линеарноста може да се прилагоди и прошири, така што може да се оптимизира по потребите на корисникот и може да им излезе во пресрет на стандардите на компанијата. Со овој кориснички интерфејс Вие ќе ја издигнете продуктивноста на повисоко ниво.

Резултат: Зголемена продуктивност со минимален напор.


7. Одржувајте блок податоци со алатки за динамично извлекување

Подобрувањата на вошебникот за извлекување кај AutoCAD 2008 Ви овозможува полесно да користите и одржувате блок податоци. Исклучете ги блоковите без атрибути, исклучете ги генералните карактеристики на блоковите и направете подредување по типот на карактеристиките на блокот при одредувањето на податоците за извлекување. Извлекувајте блок податоци директно на AutoCAD табела и одредете го стилот на табела.

Резултат: Алатките за динамично извлекување го прават управувањето со блок податоци полесно.


8. Автоматски повторливи задачи со Action Recorder

Заштедете време и зголемете ја Вашата продуктивност со автоматски повторливи задачи без помош од CAD – менаџерот. За прв пат вклучен во AutoCAD 2009,  Action Recorder Ви дозволува да снимате задачи, додавате текст пораки како и брзо селектирање и плеј бек на снимени macros. Споделете ги Вашите макро документи со други корисници-па така ја зголемувате продуктивноста на Вашиот цел тим.

Резултат: Зголемена продуктивност со минимален напор.

9. Креирај, уреди и овозможи конзистентност меѓу лидерите
Со мултилидер алатките, создавањето и уредувањето на лидери е многу едноставно. Дефинирајте ги мултилидер стиловите за да овозможите конзистентност меѓу лидерите, за да додадете повеќекратни лидерски линии на единечен лидерски објект, па дури може и да вклучите блокови како дел од содржината. За прв пат вклучени во AutoCAD 2008, мултилидер алатките дозволуваат дефинирање на повеќекратни сегменти и лидерски формат. Белешките и лидерите можат автоматски да бидат подредени како група, што го прави упдејтувањето на лидерите полесно од било кога.

Резултат: Заштеда на време и зголемување на конзистентноста на белешките.


10. Динамични блокови

Заштедете време и стандардизирајте ги цртежите со леснотија. Со Динамичните Блокови, нема да има потреба да прецртувате стандардни компоненти кои се повторуваат и ќе можете да ги редуцирате во процесот Вашите комплицирани библиотеки. Динамичните блокови ја прават индивидуалната блок геометрија да може да се уредува и се елиминира потребата за дефинирање на нов блок за секоја варијација на форма или големина. Функционалноста на Динамичкиот блок во AutoCAD 2010 го прави работењето со блокови побрзо и поефикасно од било кога претходно. Можете да го измените изгледот на блокот без уредување на дефинициите за блокот или бришење и вметнување на различен блок.

Резултат: Нема повеќе прецртување на повторливи, стандардни компоненти.

Autodesk, AutoCAD, ATC, DWG, Navisworks, Revit, и 3ds Max се регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на Autodesk, Inc., и/или неговите преставништва и/или филијали во САД и/или други земји. Сите други имиња на брендови, имиња на производи  или заштитни знаци им припаѓаат на нивните сопственици соодветно. Autodesk го задржува правото да прави промени во понудите на производи и спецификации во било кое време без известување и не е одговорен за печатни или графички грешки што може да се појават во овој документ.
© 2009 Autodesk, Inc. Сите права се задржани. 001B1-000000-MZ01