Софтверот AutoCAD Architecture е AutoCAD за архитекти
Достигнете директна продуктивност и соработка во рамки на софтверски амбиент кој Ви е веќе познат.
Директна продуктивност
Ако сте архитект кој го познава софтверот AutoCAD, можете да го користите софтверот AutoCAD Architecture со минимална обука за побрзо креирање цртежи, документи и распореди. Наменски направен за архитекти, AutoCAD Architecture ги автоматизира досадните задачи за исцртување за да помогне во редуцирањето на грешки и зголемувањето на ефикасноста. Со текот на работата можете да откриете нови и корисни карактеристики.
Соработка
Со леснотија споделувајте информации за нацрти и проекти со клиенти и членови на Вашиот проширен тим. Користете интегрирани алатки за презентирање за да создадете проектантска визуализација за јасна комуникација со клиентите. Потпрете се на индустриски водечката DWG технологија за размена на информации со колегите. Забрзајте ги циклусите за разгледување на проекти со директно објавување на документи во DWF™ и DWFx формат. Исто така разменувајте документи со машински и електро инженери како и градежни инженери кои користат други програми базирани на AutoCAD.
Клучни карактеристики на AutoCAD Architecture
Рационализиран проектантски амбиент
AutoCAD Architecture има рационализиран кориснички интерфејс. Најдете ги полесно Вашите омилени алатки и команди, лоцирајте ги поефикасно помалку користените алатки и полесно открите ги најзначајните нови карактеристики. Како резултат на тоа, Вие поминувате помалку време во пребарување низ менијата и кутиите со алатки, а добивате повеќе време за работа.
Детали
Софтверот AutoCAD Architecture вклучува сеопфатна библиотека на детални компоненти и основни алатки. Наместо да трошите време и напор на документирање и бележење на нацртите, Вие целосно може да го автоматизирате создавањето на детали и со тоа да осигурате соодветно и конзистентно обележување. Кога сте подготвени, Вие можете да направите брзо и лесно легенди за основните точки.
Ѕидови, врати и прозорци
Цртајте и документирајте типични градежни елементи како што се ѕидови, врати и прозорци. Цртајте го распоредот на ѕидови така што ќе ја одразува вистинската конструкција. Автоматски внесете и поставете врати или прозорци со целосна контрола на местењето. Со поместувањето на било кој ѕид, автоматски се актуализираат (апдејтуваат) сите поврзани ѕидови и целиот простор. Користете ги познатите AutoCAD, команди како што се Fillet и Chamfer.
Простор
Автоматски обележете ја секоја соба на цртежот. Како што границите на собите се менуваат така Вие лесно можете да го актуализирате (апдејтувате) просторот и при тоа ќе се обноват ознаките и просторот, а со тоа ќе ја одржувате документацијата да биде точна.
Пресеци и вертикална проекција
Правете 2D пресеци и вертикални проекции директно од Вашите планови на основа. Ако Вашиот проект се измени, тогаш се ствараат целосно актуализирани графици на пресек и вертикална проекција, а притоа се задржуваат подлогата, бојата, видот на линии и другите карактеристики.
Моќта за продуктивност
Добијте ја целосната функционалност на софтверот AutoCAD, плус алатки наменети специјално за архитектонско цртање, проектирање, соработка и документација.
Распоредување
Без разлика дали го прилагодувате изгледот на стиловите на распоред за да ги исполните стандардите на компанијата или пак создавате целосно нови распореди заедно со потребните пресметки, Вие тоа можете да го правите со леснотија. Бидејќи распоредите се директно поврзани со Вашите проекти, Вие можете да ги актуализирате (апдејтувате) нив само со еден клик, за да можат да ги одразат промените настанати во проектот.
Презентирање
Оживејте ги проектите за клиентите со помош на интегрираното презентирање. Рационализираните визуализациски способности се целосно интегрирани во работата на AutoCAD Architecture. Направете Вашата презентација да се истакнува со визуелно пренесување на проектантските информации.
Димензионирање
Со уште поголема флексибилност на AutoCAD Architecture, Вие сега можете да го димензионирате било кој ѕид и сите негови компоненти во согласност со Вашите стандарди за димензионирање. А бидејќи димензиите се асоцијативни, тие автоматски се актуализираат онака како што се менуваат Вашите проекти.
Споредба на нацрти
Карактеристиката Споредба на нацрти ја подобрува соработката преку користење на обоен дисплеј за да се покажат деловите на нацртот кои биле сменети, додадени или избришани од страна на други членови на проектантскиот тим. Промена на деловите како што се стилови и други неграфички карактеристики исто така се следат.
Сетот AutoCAD, Revit Architecture
-За максимална флексибилност и напредок
Комбинирајќи ги софтверските апликации на AutoCAD, AutoCAD Architecture и AutoCAD, Revit Architecture во еден единствен сеопфатен пакет, софтверскиот сет AutoCAD, Revit Architecture Ви овозможува премин кон building information modelling (BIM) и притоа ја штити Вашата инвестиција во софтвер, обука и проектантски податоци. Специјално наменето за BIM, AutoCAD Revit Architecture Ви дава конкурентска предност преку забрзување на креативното проектирање, олеснување на анализите за одржливо проектирање и автоматско доставување на координирана и конзистентна документација. Помогнете ја тековната работа во AutoCAD, или AutoCAD Architecture додека истовремено се префрлате на BIM со AutoCAD Revit Architecture.
AutoCAD Architecture Приказна за успехот
Whitney Architects, Inc.
Уште од 1984, фирмата за внатрешна архитектура Whitney Architects, Inc. нудеше широка палета на технички и проектантски услуги за големи корпорации, фирми за финансиски услуги и др. Whitney го прифатија софтверот AutoCAD Architecture за да можат подобто да ја пружаат оваа палета на услуги и да имаат подобра соработка.
Пред да се префрлат на AutoCAD Architecture, Whitney Architects, Inc. имаа потешкотии во споделувањето на документи со консултантите и за тоа беше потребна огромна помош од нивниот претходен CAD, продавач. Освен тоа, Стефан Бурс, претседател на Whitney Architects, Inc. вели: „Ние постојано имавме проблеми при обуката на нови вработени. Нив им беше познат AutoCAD, но на никој од нив не им беше позната старата CAD, апликација што резултираше со зголемени трошоци. Тоа играше главна улога при донесувањето на одлуката за префрлување”.
Од времето кога го прифатија софтверот, Whitney Architects завршија скоро 600 големи градежни проекти и тоа попрецизно и попродуктивно отколку што беше можно со нивниот претходен CAD, софтвер. Бурс вели: „ AutoCAD Architecture ни помогна да заштедиме околу 35% од времето поминато во цртање”. Исто така значително се подобрува соработката со машински, електро и градежни инженери како и водоинсталатери и консултанти. Според Бурс, „Нашите цртежи со AutoCAD Architecture се многу подобри и не само затоа што процесот за контрола на квалитет е подобар туку и затоа што интерфејсот со сите наши консултанти и клиенти е полесен и попрецизен. Како резултат на тоа ние заштедуваме време на проектите”.
AutoCAD Architecture ни помогна да заштедиме околу 35% од времето поминато во цртање.
-Стефан Бурс
Претседател
Whitney Architects
Дознајте повеќе или купете
Добијте пристап до специјалисти ширум светот кој можат да пружат експертиза за производот, разбирање за Вашата дејност и вредност поголема од набавката на софтверот. За да го купите софтверот AutoCAD Architecture, контактирајте Autodesk Провајдер на Премиер Решенија или Овластен Autodesk Препродавач. Лоцирајте го препродавачот во Ваша близина на www.autodesk.com/reseller .
Autodesk учење и едукација
Од часеви водени од инструктор па се до он-лајн обука или едукациски ресурси, Autodesk нуди решенија за исполнување на Вашите потреби. Добите експертски упатства во Овластен Центар за Обука на Autodesk, имајте пристап до он-лајн алатки за учење и докажете го Вашето искуство со Autodesk сертификации. Дознајте повеќе на www.autodesk.com/learning .
Autodesk сервиси и поддршка
Забрзајте го профитот од инвестицијата и оптимизирајте ја продуктивноста со иновативни методи на купување, придружни производи, консултантски услуги и поддршка од Autodesk и Овластените Партнери на Autodesk. Дизајнирани за да Ве одржуваат како лидери пред конкуренцијата, овие алатки Ви помагаат да го извлечете најдоброто од Вашиот софтвер, без разлика на дејноста на која и припаѓате. Дознајте повеќе на www.autodesk.com/servicesandsupport.
Autodesk (Subscription) Членарина
Извлечете ги придобивките од зголемена продуктивност, предвидливо буџетирање и поедноставено управување со лиценца преку Autodesk Членарина. Вие ги добивате новите надградби за Вашиот Autodesk софтвер доколку тие се издадат во времетраење на рокот на Вашата Членарина. Освен тоа добивате ексклузивни услови за лиценца достапни само на членовите со Членарина. Цела палета на ресурси, вклучително мрежна поддршка директно од техничките експерти на Autodesk, лично-темпирана обука и електронско учење, Ви помага да ги надградите Вашите вештини и да ја направите Autodesk Членарината најдобар начин за оптимизирање на Вашата инвестиција. Дознајте повеќе на www.autodesk.com/subscription .
Autodesk е посветен на одржливоста. Оваа брошура е испечатена на 25% рециклирана хартија.
Autodesk, AutoCAD, ATC, DWG, Navisworks, Revit, и 3ds Max се регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на Autodesk, Inc., и/или неговите преставништва и/или филијали во САД и/или други земји. Сите други имиња на брендови, имиња на производи или заштитни знаци им припаѓаат на нивните сопственици соодветно. Autodesk го задржува правото да прави промени во понудите на производи и спецификации во било кое време без известување и не е одговорен за печатни или графички грешки што може да се појават во овој документ.
© 2009 Autodesk, Inc. Сите права се задржани. 185A1-000000-MZ04