RFEM 5 е моќен  2D и 3D MKE програм, кој овозможува на градежните инженери (конструктивци) да излезат во пресрет на барањата на современото градежништо. Програмот има единствено “user friendly” опкружување, кое на корисниците им овозможува интуитивно и брзо да се снаоѓаат во него.

Со  RFEM 5 програмот можете брзо и лесно да моделирате и пресметувате  2D и 3D конструикции составени од стапови (греди), танки и дебели плочи, ѕидови, ѕидни носачи, лушпи, мембрани …

RFEM 5  може да се дополни со голем број на модули, во склад со вашите потреби. Модули за димензионирање на конструктивни елементи од челик, бетон, дрво, алуминиум, потоа модул за пресметка на врски кај челични конструкции, за пресметување на темели, динамичка анализа, анализа на стабилност и многу други.

RFEM 5 поддржува правилници од многу земји, за нашиот пазар секако најинтресни се Еврокодовите.

RFEM 5 овозможува двосмерна комуникација (директен импорт и експорт на модел) со AutoCAD, Tekla Structures, Revit и многу други  BIM софтвери. Исто така можен е директен експорт на податоци во  Microsoft Excel и Word, како и во софтвери за изработка на детали и работилнички цртежи.

Доколку корисникот сака да користи помош од самиот програм при сведување на дејствата  (оптеретување ) од ветер и снег на конструкцијата. Во самиот програм е овозможено автоматско генерирање комбинации на оптоварувања  и / или комбинација на резултати што значително ја убрзува работата на проектната задача  и корисникот го ослободува од комбинации.

Воведувањето имперфекција во пресметката, повеќе начини за моделирање на тло, линеарна анализа по терорија од 1 ред и анализа по терорија од 2 ред, прегледност на резултатите, беспрекорно рендерирање на 3D модели… се само некои од предностите на овој програм.

Детални информации може да најдете на веб страната на прозиводителот www.dlubal.com

Ви препорачуваме од оваа веб страна да преземете пробна верзија од програмот и го пробате неговото работење. Пробната верзија е неограничена (нема ограничување во бројот на часови, конечни елементи, равенки и слично, и ги содржи сите дополнителни модули) и трае 30 дена.

Што се однесува за  RSTAB 8 програмот, за него важи исто како и за  RFEM 5, со тоа што пресметката на површински носачи кај него не е можна. Ова е најстариот Dlubal-ов програм, компанијата на многу постарите инженери е позната по постарите корисници е познат RSTAB.