ОПИС НА ПРОГРАМОТ

ACAD-BAU за Македонското подрачје  e едно од најефикасните решенија на подрачјето од високоградбата (архитектура, градежништво). Тоа е германски програм, кој го надоградува  AutoCAD или Bricscad за архитектонско планирање. Со својот широк збир на функции, компатибилност и отвореност ги развеселува илјадници корисници ширум Европа.

На македонскиот пазар е присутен повеќе од 8 години и е прв вид преведен на македонски јазик.   ACAD-BAU е преставник на новата генерација  BIM програми со сопствени објекти. За објект се смета градежен елемент, кои има зададени својства и логика на однесување во различни ситуации. На пример ѕид , во основа е нацртан како 2D цртеж со шрафура  а во изометрија пак како волуменски 3D модел. При цртањето автоматски се прилагодува на промените: самостојно поврзува ѕидови при преминување еден врз друг, самостојно се прилагодува на покриви и плочи, самостојно изработува продори при ставање на отвори, самостојно се прилагодува на новите параметри на катот… Сета вградена логика овозможува зголемена моќност  на мали интервенции од корисникот и мала можност за грешки, исто така едноставно учење и работа со програмот.

Програмот ја здружува  AutoCAD-вата  расширеност и моќност со локалните потреби и можноста за брза работа на подрачјето на архитектурата.

ГЛАВНИ ПРЕДНОСТИ НА ПРОГРАМОТ ACAD-BAU

Македонски јазик: Овозможува лесна комуникација со програмот, користење на македонска помош и прирачници како и директно користење на македонски предмер.

DIN стандарди: Германски програм прецизно ги зема во предвид DIN стандардите кои се основа на европското проектирање.

Извонредни перформанси: ACAD-BAU користи најнапредна BIM технологија со која се овозможува автоматизација на постапките и суштински го подобрува цртањето и поправањето на објектите. Идејата на корисникот се почитува со опцијата предкострукција, која е на располагање за задавање на облик на произволен параметарски  објект (отвори, покриви, скали…) Едноставната употреба секогаш е клучно напатствие при настанување на програмот.  AutoCAD основа:

– DWG запис, во кој се зачувуваат истотака цртежите од ACAD-BAU, е неоспорен стандард!

– Постоечкиот  AutoCAD корисник своето знаење за користење на  ACAD-BAU само го надоградува (основни функции како што се подесување на работната околин, поправање, визуелизација, печатење,  остануваат еднакви)

– стручњаци со познавање на AutoCAD се најзастапени на пазарот

– на располагање  е огромен бесплатен материјал на интернет ( библиотека со симболи, шрафури, програмчиња…) кои може да ги користиме при работа со ACAD-BAU

Линкови до видео-клипови за ACAD-BAU

СВОЈСТВА НА ПРОГРАМОТ  ACAD-BAU

acadbau1

Работна околинa

Цртањето се одвива во  AutoCAD работна околина, која преставува едноставна подлога за искусни  AutoCAD корисници. ACAD-BAU наредбите ги наоѓаме во  мрежното мени, листа со алатки и на палетите.

acadbau2

Катови и меѓукатови

Подесувањето на кат со помош на  ACAD-BAU Toolbar е едноставно и прегледно. Секој кат може да има произволен број на катови односно меѓукатови. Со оглед на висината на избрното ниво правилно се ставаат сите останати градежни елементи (плочи, отвори…) Промените на подесуваењето на катот во цртежот се одразуваат автоматски.

acadbau3

Ѕидови

Саканиот тип на ѕид го избираме од библиотека која може произволно да ја дополнуваме. Ѕидовите може да имаат до 10 слоеви и секој слој може дополнително да се поправа. Ѕидовите може да ги  цртаме директно или да ги изведиме од предконструкција – со ова може на едноставен начин да изведиме ѕид во облик на произволна крива. Ѕид прилагоден на покрив самостојно се прилагодува на секоја промена на положбата или обликот на покривот.

acadbau4

Монтажни конструкции

Монтажните конструкции овозможуваат широка палета на фаријанти на поделба на фасада. Помеѓу поставената конструкциа од столбови и гредички може да ставаме различна исполна  како на прим.стакло, прозорец, врата, сендвич елементи или отвори. На располагање имаме различни и произволни параметарски детали за цртање на самата конструкција односно нејзини облоги.  Покрај монтажни ѕидови може да изработуваме и монтажни покриви.

acadbau5

Отвори

ACAD-BAUодредува три вида на отвори: вообичаени прозори, аголни прозори и врати. Вообичаените отвори може да имаат произолен облик кој го изведуваме до библиотека или го земаме на основа на затворен Polyline, каде имаме неограничени можности за обликување – вклучено со лачни сегменти. Отворите се паметни објекти, кои самостојно се прилагодуваат на секоја промена во ѕидот. Положбата на отворите може да ја поправаме со  AutoCAD-наредби (исто така грипови), при секој нов отвор ѕидот самостојно се пробива и ја прекинува шрафурата.

acadbau6

Скали

Скалите се еден од најкомплексните  ACAD-BAU објекти. Подесувањето на скалите се одвива динамично при менување на параметрите постојано го  обновува погледот. Скалите може да ги поправме со гриповите и дополнително да ставаме подести. Најголема слобода нудат скалите по предконструкција, каде со Polyline се одредуваат двата раба  и линијата на движење – линиите не се праралелни и содржат лачни сегменти.

acadbau7

Шрафури

Шрафурите на ѕидовите автоматски се изработуваа помеѓу самото цртање на ѕидовите и самостојно се прилагодуваат на секоја поправка, како што е на пример промена на размерот, ставање на отвор во ѕид… Секој слој на ѕидот има своја шрафура (во зависност од материјалот) и може да ја замениме било кога. При шрафирање на просторите програмот ни овозможува автоматско преставување на стамбените единица или намени и самостојно се избегнува шрафирање на симболи и текстови.

acadbau8

Коти

Котирањето на  надворешни котни линии по DIN стандардот се изведуваат потполно самостојно. На секоја страна од објектот се изработуваат 4 котни линии. При промена на геометријата, размерот или степенот на деталирање сите коти самостојно се обновуваат.  На котите може да го менвуаме изгледот на основа на osnovi AutoCAD dimension style или прилагодуваме на друг размер.

acadbau9

Симболи

Вклучени се обемни библиотеки со  2D симболи  (приближно 500) за сите подрачја и 3D симболи (околу 300) за станување, околина и канцеларии. Симболите ги изработуваме во посебен дијалог прозорец во кој е на располагање и преглед. Ако сакаме може основната библиотека  едноставно да ја дополнуваме или поправаме.

acadbau10

Пописи

ACAD-BAU овозможува изработка на попис на просторите, попис на количини и попис на волумен или површини преку прецизни подесувања пресметани по DIN. Пописто на количини ни изработува табела со сите можни податоци за објектите кои нас не интресираат – или пак истите може да ги филтрираме. Овозможен е извоз во  Excel за понатамошна обработка. Автоматски во скалд со пописто се изработуваат и позиции во цртежот. Просторите може да ги здружуваме во станбени единици и одредуваме по намена. Пописот е во целост на македонски јазик и кирично писмо.

acadbau11

Покриви

Покривите може да ги изработуваме потполно самостојно на произволна основа или пак да ги изведиме со комбинација на едноставни покриви. Сите покриви меѓусебно се сечат и се прилагодуваат на размерот и степенот на деталирање. Го содржат саканиот број на слоеви и деталите на завршетоците. Динамично со гриповите може да ги менуваме наклоните, стреите, положбата… Прилагодувањето на  ѕидови и останатите конструкции им следува на секоја промена. Се разбира дека во покривот може да ставиме произволни отвори, покривни прозори, или баџи. Самостојно се ставаат во покривиот, изработуваат пребој и истовремено исцртуваат поркив, прозорец или баџа.

acadbau12

Фасади, пресеци, аксонометрија и перспектива

Основи, детали, фасади, пресеци, аксонометрии… и сите останати погледи на објектот ги добиваме автоматски од  3D моделот. Пресеците се веќе шрафирани и одредени со линија на пресек, кои може произволно да ја обликуваме. На основа на овие податоци се изработува ACAD BAU 2D цртеж или скица. Сите погледи самостојно се  ажурираат со секоја промена на моделот.

acadbau13

Визуелизација

На подрачјето на визуелизација на објектите може да ги искористиме сите можности кои ни ги нуди AutoCAD. Изработуваме квалитетни фотореалистични погледи, каде потребуваме различни материјали, фотометриски светла или прецизни студии за осончување. Можна е подготовка на фотомонтажа каде како позадина употребуваме скенирана фотографија или слика  од дигитален апарат. За подобри презентации може моделот да се извезе во програмот 3ds MAX.

acadbau14

Можности

Кога нашата работна околина е AutoCAD + Acad-BAU нашите можности се практично неограничени. ACAD-BAU се грижи за брза и прецизна работа во подрачјето на архитектурата, AutoCAD ни пак ни овозможува  2D цртање и 3D моделирање во сите можни случаи. Без проблем се справуваме со проектирање на внатрешна опрема или урбанизам. AutoCAD исто така  ни овозможува надградба  на преку  4000 независни специјализирани  апликации за останатите подрачја.

ACAD-BAU 14

КРАТОК ОПИС НА НОВОСТИТЕ

Новиот  ACAD-BAU 14 е на располагање и подржува  AutoCAD (и вертикали) од верзијата  2007 па наваму ските до последната верзија на програмот  AutoCAD 2014. Работи исто така на Bricscad V12 и V13.

Покриви

Се најголема нова придобивка и комплетно ги надоместија старите покриви(иако  сеуште се на располагање). Самиот тек на цртање е сличен така да може брзо да се навикнеме.Најголемите предности на новите поркиви се  :

– Самостојно сечење: сите покриви кои се преклопиуваат  самостојно меѓусебе се сечат без интервенции на корисникот. Им одредуваме само статус дали се доминантни или не . Едноставно се решени исто така eѓсебните стреи, може произволно да ги поместуваме покривните отвори со гриповите (прим. При баџи)

acadbau15

– Покривите може да имаат по своите повришини во  3D произволна шрафура, кога пристапува при изработка на фасада тоа е веќе убаво обработено. Исто така во приказот во основа е можен со начинот на пресек и со тоа е подобрен прегледот над движењето на покривот. Приказот на покривите самостојно се прилагодува на степенот на деталирање.

acadbau16

–  се можни како повеќеслојни и ги составуваме како кај ѕидовите. Слоевите може да имаат произволна шрафура, дебелина, завршеток и меѓусебно  поместени. Покрај слоевите можно е самостојно цртање на жлеб по предефиниран облик или по предконструкција така да во пресек подобро се приближуваме на суштинската состојба.

acadbau17

– Покривните отоврои се обновени и со нив може да се исцртуваат стакла, прозори, врати, произволни блокови… Обликот е воспоставен како при класичните отвори – некои основни елементи се содржани во библиотеките  и само им ги менуваме мерките, за се останатото на располагање е предконструкцијата. Сите отвори може да ги обработуваме со AutoCAD наредбите или со гриповите. Нов  е објектот за покривен исечок кој го изведуваме од затворени линии.  Неговиот волумен на исекување на отворот во покривот едноставно го уредуваме со грипови или  AutoCAD наредби.

acadbau18

– Двоводните покриви имаат дополнителна можност за цртање мансардни покриви (покрај предходно постоечките затреп или чоп). Автоматските покри се уште по флексибилни во своите облици и нудат брзо решение за секој основа. Покрај прилагодувањето на ѕидот на покривот  сега подржува прилагодување на останатите кострукции како што се столбови, плочи , подови… Прилоагоден ѕид или конструкција самостојно се прилагодува на сите промени во покривот.

acadbau19

Quick Objects

При работа со  Quick Objects може по ново наместо линија да задаваме точки и така работата да ја прошириме на не векторски подлоги како што се различни PDF документи или растерски слики. Дијалог прозорецот за подесување има вградено исто така можност за избор на објекти за отчитување на layer-ии и така типкањето не е веќе потребно. Вградено е корегирање на должини, ако имаме непрецизна подлога прим. линија која преставува прозорец и е долга 89,9786 см и мерката може пргорамот самостојно да ја корегира на 90 см.

Погледи

Иако прегледите беа преставени во предходните верзии сега добија дополнителни подобрувања. Погледи со асоциативни 2D цртежи на фасада, пресеци, аксонометрија…врзани на  3D модел.  Употребливи се уште при самото цртање на основата, затоа што може да ги следат настаните при промените во 3D. Понекогаш може голем број на погледи и нивното освежување да влијае на брзината на работењето, затоа може брз да ги вклучуваме или исклучуваме преку нова икона на ACB Toolbaru.

Ставањето на погледи во  Layout е побрзо, затоа што може со општи мерки да влијаеме на самата големина на описот и кај степенот на деталирање. Тоа е првенствено за изработка на детали кои се пак асоцијативни со основниот модел.

При погледите може да употребиме нова видливост  »Не видливо«, ги прикажува сите елементи , без оглед на потеклото, катот, својствата…(при. се прикажуваат сите  AutoCAD објекти, дури не се поставени на ACB компонентите).

Нов е објектот за линија на пресек, кој овозможува повреќе различни начини на цртање, поправање со двоклик, прилагодување на размерот.

Изработениот поглед може да го прикажеме како класичен цртеж или по ново како скица. Скицата е параметарска и покрај 12 преддефинирани подесувања може да ја осмислиме и зачуваме како произволна своја комбинација.

acadbau20

Мрежа

Мрежата сега има можност да ја вклучиме и во 3D. Како таква потоа се прикажува на погледите :

– преглед и фасада, се разбирфа само оските од страната на гледање.

acadbau21

Блокови

Нова наредба за ресетирање на блоковите во моментот ги уредува сите подесувања натре во блокот (исто така вгнездена)  да е во склад со сие правила за изработка на блокови – исто така елементите да се на layer-от 0, сите нивни својства на ByLayer и во основна рамнина Z=0.  Со тоа може брзо да ги поправиме неуредените цтрежи и библиотеки.

acadbau22

Коти

Котите може самостојно да котираат мрежа. Едноставно поставените коти сега повеќе не се нечуствителни на поместување и оска на објектот. Самиот распоред на елементите по котните линии е произволен – сами штиклираме, што треба на поединечна кота да се котира. Клик на копчето Предподесување ги ресетира сите подесувања на основно зададениот  DIN стандард.

Скали

Во основа може да прикаже скали со ограда. Оградата може да се црта на повеќе начини – само како линија, како рачка или столбче. Рачки со столбчиња ја кажува суштината на состојбата a  – при. може да имаме рачка поместена од оската на.

Библиотеки

Разни елементи во различни варијанти сега се на располагање преку библиотеки  на палетите при. ѕидови, прозори, скали, подови, покриви… Со тоа го избегнуваме подесувањето, како што може најдобро соодветен елемент одбериме од библиотекта  и ги подесиме клучните мерки. Библиотектие може да ги користиме за различни облици  или детали  и потао со наредбата Match Properties пренесеме на елементите.

acadbau23

СИСТЕМСКИ БАРАЊА ЗА ПРОГРАМОТ  ACAD-BAU 14

Системските барања за  ACAD-BAU 14 се исти како за програмот  AutoCAD (3D modeliranje).