Краток преглед на новости

•  ВИДЛИВОСТ

Новиот надзор на видливоста овозможува прикажување на произволни комбинации на  Layer-ии за поединечна етажа.Подесувањата може да се зачуваат и употребуваат во различни компјутери. Во склоп на подесувањата може да вклучиме Layer-и, кои не се оргинални со  ACAD-BAU Layer-и (разни подлоги). Разчичните подесувања на видливоста ги преклопуваме на ACB Toolbar-от. При внес основа  во Layout може да избериме произволно подесена конфигурација.
 
 

•  МАТЕРИЈАЛИ

Секоја компонента има нова одлика  MATERIAL, која може да ја избираме меѓу материјалите, кои се дефинирани во цртежот. При редерирање или сенчање со вклучен „Render options“ материјалот се покажува на објектот. Зачувувањето на одликите на  layer-ите зачувува дефиницијата  на материјалите, така да може произволно да ги менуваме и употребуваме на други компјутери.  
 
 
 

 •  КОТИРАЊЕ

Višinske kote ( висински коти) и  Naklon (наклон) се нови потполно асоцијативни објекти, кои овозможуваат едноставно котирање и поправање. На при. промена на параметрите на етажата се одразуваата на висинските коти. Котите може да се поправаат. Нова опција е додавање кота на отвор на произволна котна линија и употреба на сите типови за котни стилови.
 

 

•  ОПИС НА ОБЈЕКТИ

Сите објекти имаат можност за автоматско опишување веќе меѓу цртањето. Описот се прилагодува на опишувањето на објектите по насоки и размер детало на цртежот. Во предефинирањето може да се додаваат произволен број описи за поединечни градежни елементи. За секој вид на опис може да избереме придружба кој би се покажала ( на пример етажа, површина на објект, волумен на објектот, слоеви на ѕидови…) Придружбите може да се различни за 3 нивоа на деталирање.  
 

 

•  КОНСТРУКЦИЈА

Конструкцијата може да биде  врзана на активната етажа или на произволно избрана етажа (на пример стаклена монтажна конструкција се протега преку 2 етажи). Објектите може да ги поставуваме на произволна Z вреднoст. Тоа важи за столбови, греди, конструкции, отвори во монтажната конструкција. Дополнително е можно цртање во основа на лачна монтажна конструкција, кои ги обработува како рамни. Сите нови монтажни конструкции имаат нови поднаредби.
 
 

 •  РАБОТНА ОКОЛИНА

Цртањето се одвива во класичен AutoCAD-ов работен простор, кој преставува едноставна подлога за искусните корисници на  AutoCAD. ACAD-BAU наредбите ги наоѓаме во менито , редицата на алатки и на новиот ACB Toolbar, кој е едноставно орудие за промена на основните подесување. 

 

 

 

•  КАТОВИ И МЕЃУКАТОВИ 

 Подесувањето на етажите со помош на  ACAD-BAU Toolbar-от е  едноставно и прегледно. Секоја етажа може да има произволен број на меѓуетажи. Со оглед на висината на избраната етажа се ставаат сите градежни елементи (плочи, отвори ….). Промената на  параметрите на етажата во цртежот се прилагодуваат автоматски. 

 

 

•  ЅИДОВИ 

                               

Саканиот тип на ѕид го избираме од библиотеката  со која располагаме а може произволно да ја дополнуваме преку ACAD-BAU Toolbar-от. Ѕидовите може да имаат 10 слоеви и  секој слој дополнително може да го поправаме. Цртањето на ѕидови е волуменски, не преставува проблем цртањето на било каков облик на ѕид. Ѕидовите може да ги сложуваме еден над друг  и ставаме аголни врски и отвори. Ѕидот го цртаме директно или па го изведуваме со произволен облик по предконструкција – со тоа може да изработиме ѕид во облик на произволна крива … Ѕидовите се прилагодуваат на покривот, самостојно се поправа секоја промена на положбата или обликот на покривот…

•  МОНТАЖНИ КОНСТРУКЦИИ 

 Монтажна конструкција ни овзможува широка палета на поделба на фасади. Меѓу поставената конструкција од столбови и греди може да се постави различна исполна, како на пример; стакло, врати, прозори, сендвич исполна или отвори. На располагање имаме различни исполни со параметарски детали за цртање на самата конструкција како и нејзината облога. Покрај монтажни ѕидови може да изработуваме и монтажни покриви.

 

•  ОТВОРИ

ACAD-BAU прави три вида на отвори: обични прозори, аголни прозори и врати. Обичнит прозори може да имаат призволен облик, кој параметарски го изведуваме. Отворените објекти самостојно се прилагодуваат на секоја промена на ѕидот, во кој се ставени. Има неограничени можности на обликување – вклучувајќи со лачни сегменти. Отворите се паметни објекти кои самостојно се прилагодуваат на промените во ѕидот, во кој се ставени. Положбата на отворите и нивните копии може да ги поправаме  со AutoCAD-наредби (вклучувајќи грипови), при што секој нов отвор самостојно пробива ѕид и прекинува шрафуратa.
 

•  СКАЛИ

Може да цртаме  3 вида скали: класични (еднокраки, двокраки…), кружни или произволен облик по предконструкција. Подесувањето на скалите се одвива динамично. Можно е прецизно поправање на скалите со различните математички формули, дополнително поставување подести … Најголема слобода ни нудат скалите по предконструкција, со линија ги задаваме двата раба на скалите и средишната линија – линиите при тоа може да не се паралелни и да содржат произволни лачни сегменти. 

 

•  ШРАФУРИ 

 Шрафурите на ѕидовитe се изработуваат автоматски со  самото цртање на ѕидот и самостојно се прилагодуваат на сите поправки, како на пример промена на размер, поставување отвори во ѕид….). секој ѕиден слој има своја шрафура (зависно од материјалот) и може да ја замениме било кога. За шрaфирањето на просторот програмот ни нуди можности за преглед и поставување на шрафури.