ACAD-BAU XP2010
Краток преглед на новости
• Котирање
Новите коти се потполно асоцијативни и котирањето на обемот на објектот е направено сo два клика! Така автоматски изработените коти имаат на секоја страна по 4 котни линии и по DIN стандардите распоредени елементи. Секоја промена во цртежот автоматски се однесува на котите. Може да дефинираме правила за изработка на коти – на пример: не ги земај во предвид ѕидовите потанки од 10 см. Во изработените коти може да додадеме и одземеме точки без асоцијативност! Котите се параметризирани со оглед на степенот на дефинирање може да ги прикажеме различно за различни размери. Стариот начин на работа е веќе секогаш по желба ако се работи на стари проекти.
• СКАЛИ
ACAD-BAU нуди многу моќно моделирање на скали, кои преставуваат во 2007 нов објект. Ако ги повлечеме меѓу 2 етажи или нивоа и сите промени следат автоматски. Гриповите се една од убавите придобивки со кои може основните параметри визуелно да се менуваат. Скалите по предконструкција нудат обилни можности на обликување. За логично цртање е додадена потполно нова функција автоматско поставување на подести, која се грижи никако да не дојде до »исклучителни ситуации«, како скалите не би биле изведливи. Може да избираме меѓу 5 изведби на скали и за секоја може целосно да подесуваме детали, димензии и материјали. Слично е со оградите, може да изработиме практично сите современи варијанти. Тлорисниот приказ на скалите е раздвоен од 3D и за него може да подесуваме параметри за цртање, раздвоено за поединечни степени на деталирање, може изгледот на скалите самостојно да се прилагодува на размерот. Како објект скалите имаат добиено нов опис, кој сега е потполно асоцијативен и самостојно ги испишува моменталните вредности на скалите.
• ПРОСТОРИ
• BOOLEAN-ОВИ ОПЕРАЦИИ
• СТЕПЕНИ НА ДЕТАЛИРАЊЕ
• AutoCAD 2007 ОСНОВА
Краток опис
ACAD-BAU е производ со сопствени објекти. За објект се смета градежен објект кој има задададени одредени значења и логика за одговор во различни ситуации. На пример ѕидот во тлорис е како 2D нацрт со шрафура а во изометрија како волуменски 3D модел.Меѓу цртањето автоматски се прилагодуваат промените: самостојно проврзување на ѕидови, самостојно прилагодување на покриви и плочи, самостојно изработува пробој во поставените отвори, самостојно се прилагодува на новите параметри на етажата. Сета ова вградена логика му овозможува зголемена моќност со помал број на чекори и едноставно учење како и работа со програмот.
• Прирачник на македонски јазик, прецизен попис на материјалите, добивање крајна цена на чинење на проектот
• AutoCAD основа – AutoCAD е водечки програм во светски рамки на подрачјето на проектирањето и DWG записот на цртеж е стандард!
• DIN стандарди – на кои се ослонува ACAD-BAU близок програм до европските проектанти.